Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на кампањата за мерење на потенцијалот на ветерната енергија во Република Македонија. Информацијата потврдува дека вкупната инсталирана моќност може да достигне 150MW.
Со оглед на фактот дека до денес се инсталирани 72 MW, Владата заклучи дека е оправдано да се продолжи со мерната кампања за утврдување на наредни поволни локации со потенцијал на енергијата на ветерот кој гарантира исплатливо производство на електрична енергија.