Подобрување на бизнис климата за работа на малите и средните претпријатија треба да овозможи проектот „Паметна алатка за управување со бизнис“ кој денеска беше промовиран во Скопје. Проектот го имплементира Институтот за обуки „Коцка“ во партнерство со „Македонски развоен центар за граѓански организации“, а е финанисиран од ЕУ преку втората компонента на ИПА програмата за зајакнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.
Координаторот на проектот Столе Горгиев истакна дека главна цел е да се поттикне економијата преку развој и имплементација на бизнис-френдли алатки кои ќе бидат фокусирани посебно на регулативата и на надминување на административните бариери и процедури поврзани со работењето на малите и средни претпријатија (МСП).