(ВИДЕО) Гочев: Скандалозна е одлуката да се казнуваат шарените револуционери

Од:

Одлуката на Комисијата при Министерството за внатрешни работи да ме казни за учество во шарената револуција ја сметам за скандалозна бидејќи не е утврдена фактичката состојба дека јас како личност сум одговорен. Не е утврдено со кој вид боја, со кој балон и на кој начин сум ја оштетил фасадата на Собранието, вели Александар Гочев, кому е изречена пресуда за извршено прекршочно дело при што треба да плати глоба од 100 евра поради фрлање балони со боја врз Собранието на РМ и други институции во мај 2016 година.

– Имаме право на жалба во рок од 8 дена и се надевам дека институциите ќе профункционираат и ќе судат согласно со правото, а не желбите и потребите на некои лица кои сѐ уште ги држат спрегите во Министерството за внатрешни работи, вели Гочев.

Тој тврди дека прекршочни пријави пристигнуваат и кај други шарени револуционери, и тоа во голем број се движи од 20 до 60 пријави по човек. Како што вели Гочев, казните ќе бидат платени од фондот што се собираше за време на револуцијата.

– На координацијата што ја имавме со луѓето од шарената револуција разговаравме за сумата што е собрана во фондот. Останати се околу 700 илјади денари бидејќи претходно имаше неколку постапки кои беа подмирени од тој солидарен фонд. Мојата казна можеби нема да биде приоритет, но она што ќе биде, ќе се исплаќа од тие средства со цел да се излезе во пресрет на сите кои имаат финансиски последици од шарената револуција, вели Гочев.

Според него, одговорен за солидарниот фонд е координативното тело на шарената револуција каде и моментално се паричните средства со кои ќе бидат исплаќани казните на учесниците.

Адвокатот Јанаки Митревски смета дека одлуката на Комисијата за прекршочни дела да ги казни лицата кои фрлале со боја врз институциите е неиздржана поради тоа што не е посочено точно колкава штета е направена и конкретно кои балони на кој дел од зградата направиле штета.

– Обвиненијата треба да се повлечат, воопшто не треба да има постапка, конкретно за случајот со Павле Богоевски евидентно беше дека е политички прогон, но останува да виси во воздух прашањето што со другите лица кои подлежат на политички прогон, а не е прекината постапката, вели Митревски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски