За 27 години незавинсот Македонија има низа на приватизирани претпријатија. Тоа е едно од ретките работи за кои во главно се имаат согласено ВМРО и СДСМ. Вака, политичката партија „Левица“ ги објаснува гласините за нови приватизации на јавни претпријатија. Тие потенцираат дека има гласини за приватизација на Македонски железници.
„Во изборната кампања не стои дека ќе се приватизираат компании, туку дека ќе се унапредуваат. За тоа ги избра и народот. Имајќи го во предвид претходното искуство со приватизација, тоа не е за добро на граѓаните“, вели Бранко Ристов од „Левица“.
Според Ристов, единствен бенефит имале новите газди, кои, како што вели, за евтини пари добивале бизниси на тацна.
К. Л.