Здравствениот дом Битола од денес се вика ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“

Од:

Здравствениот дом Битола од денеска се преименува во ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола, а на свечената церемонија присуствуваа претставници од министерството за здравство, амбасадата на Израел и општина Битола.

Според заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, владината одлука е потврда за досегашната и најава за идна меѓувладина и посебно соработка во сферата на здравството.

– Соработката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Израел продолжува. Се надевам дека ќе ги користиме искуствата на колегите од Израел и дека директно ќе придонесат за развојот на здравството во нашата држава и градот Битола, бидејќи битолчани тесно се поврзани со израелската држава, посочи Чакаровски.

Израелскиот амбасадор Дан Оријан најави соработка и во други сфери значајни за двете држави. Тој изјави дека денес во Битола имало и претставници на две компании од Израел кои се надеваат на соработка со Македонија.

На чинот на именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во „Д-р Хаим Абраванел“ присуствуваше и внуката на Абраванел, д-р Рахел Шели Леви Друмер, која истакна дека според еврејскиот календар точно на денешен ден пред 75 години во Битола беше извршена депортацијата на Евреите од овој град и прочита молитва.

Би можело да ве интересира

Шин Бет потврди: „Синот на Нетанјаху итно евакуиран“

Калибаф: Непријателот е поразен благодарение на нашето единство

Аракчи: Разузнавањето укажува на обиди за манипулирање на енергетските пазари

Муцунски за „The Jerusalem Post“ од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел