Извршителот на смртоносниот напад во градот Кизпјар во руската република Дагестан е идентификуван како 22-годишниот локален жител Халил Халилов, јавија руските власти.
– Убиениот напаѓач е идентификуван како Халил Халилов (22), жител на селото Расвет во областа Тарумовски на Дагестан, стои во соопштението на Интернет страницата на градската администрација.
Халилов вчера уби пет луѓе за време на служба во црква во дагестанскиот град Кизпјар.