Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

Од:

Јубилејниот 25ти по ред „Копаоник бизнис форум“ ќе се одржи од 4 до 7 март во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Досега присуството го потврдија преку 1000 учесници, меѓу кои повеќе министри од Владата на Република Србија, гувернерот на Народна банка и претседателот на Фискалниот совет. Учеството на форумот на српската премиерка Ана Брнабиќ е потвредно во рамките на третиот ден од форумот.

Тема на годинашниот форум е „Што по фискална консолидација: Како да се претвори фискалната стабилност преку мерки на економска политика во одржлив раст и развој?“ И оваа година на едно место ќе бидат собрани сите значајни имиња од светската економија. Во рамките на неколкуте денови колку што се одржува форумот ќе се претстават преку 120-тина говорници на различни теми врзани со бизнис сферата, меѓу кои и еден од најуспешните македонски бизнисмени, мнозинскиот сопственик на М6 Инвесмент груп и претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Тој ќе биде говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема „Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.

Во текот на 4-те денови ќе учествуваат високи државни функционери и влијателни бизнис лидери. Учеството го потврдија претставници од Владата на Србија, домашни и странски стопанственици во сферата на банкарството, осигурувањето, респектибилни професори, извршни директори на големите мобилни оператори во регинов, светски познати новинари… На форумот исто така ќе бидат присутни и амбасадори, дипломати, економски аналитичари, теоретичари, меѓународни експерти, како и претставници од медиумите.

Меѓу останатите, учество ќе земат и Линда Ван Гелдер, регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, како и Питер Санфи, заменик директор за економија и политика за земјите при Европска банка за обнова и развој.

Првпат на форумот ќе земе учество и Пол Томсен, директор на канцеларијата МMF за Европа и Шарлот Рух, директор на EBRD за Централна и Источна Европа.

Во рамките на официјалниот дел од програмата ќе земат учество и Томас Лубек, регионален менаџер на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за Западен Балкан, Дубравка Негре, шеф на Регионалното претставништво на Европската инвестициона банка за Западен Балкан (EIB) и Артур Туремка, генералниот директор на Mastercard компанијата за Балкан.

Копаоник бизнис форумот во партерство со Mastercard, традиционално е во организација на Сојузот на економисти на Србија и Здружението на корпоративни директори на Србија и е под покровителство на Владата на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски