Централен регистар и в сабота ќе прима годишни сметки и финансиски извештаи

Од:

Централниот регистар и в сабота на 24 февруари од 8:00 до 16:00 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017 година во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар, информираат од институцијата.

Во понеделник, вторник и среда Централниот регистар ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, освен во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево, каде работното време ќе биде од 8:00 до 16:00 часот. Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе се врши во понеделник, вторник и среда од 8:00 до 16:00 и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во УНИ банка.

– Субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15 март годинава, велат од Централниот регистар.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

A1on

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централен регистар: Во изјавата на Стаменковска – Стојковски има една вистина, дека вработените се административни службеници, се друго е лага

Ана Ололовска

Осум дена притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кристијан Ландов

Уапсен заканувачот Емил Јакимовски

Кристијан Ландов