Ирачки суд осуди на смрт со бесење турска државјнака под обвинение за членство во џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Како што соопшти портпаролот на Судот во Багдад, Абдул-Сатар ал Биркадар, во истиот процес, поради членство во ИД, на доживотен затвор се осудени уште десет други жени од различна националност.