Ишингер: Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО треба да биде одблокиран

Од:

Претседавачот со Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски амбасадор во САД, Волфганг Ишингер, смета дека Македонија одамна требала да ги почне преговорите за влез во ЕУ и НАТО.

Овој став тој го сподели на социјалната мрежа „Твитер“.

„Патот на Скопје кон ЕУ и НАТО треба да се одблкира. Тоа требаше одамна да биде сторено“, пишува Ишингер.

Ексамбасадорот и претседавачот со Минхенската конференција коментираше и на објавата од шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, каде што напиша дека тој е еден од неколкуте примери на успешна превентивна дипломатија и дека по долго чекање време е Македонија да се пробие во ЕУ и НАТО.

„Македонија е еден од малкуте примери на успешна превентивна дипломатија. Но, запирањето на негативната динамика не е доволно. Време е да се искиристи можностаза забрзување на позитивната динамика и постигнување неповратен успех“, вели Димитров.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“