Голем пожар избувна синоќа во центарот на Лондон во зграда во фаза на реконструкција. Пожарникарските служби неколку часа го гаснеа огнот, а во инцидентот нема загинати или повредени.
Во гаснењето учествувале над 50 пожарникари со десет возила, а полицијата ги евакуираше сите присутни од околните објекти. Во опожарената зграда имало голем број плински боци кои претставуваа опасност за експлозии.