Audi во Детроит ја претстави долго очекуваната RS верзија на купето со четири врати A7.
Kај основниот модел брзината и натаму ќе биде ограничена на 250 km/h. Тие сопственици ќе мора да се задоволат со забрзување до стотка од само 3,9 секунди.
За ваквите перформанси заслужен е 4,0 литарскиот V8 би-турбо мотор, кој развива неверојатни , односно камионски 700 Nm достапни меѓу 1.750 врт/мин и 5.500 врт/мин.
Однадвор, моделот ќе може да се препознае по спортските браници и прагови, како и по огромните 20 инчни тркала, односно 21 инчни со доплата.