ВМРО-ДПМНЕ: Наместо 8 милиони евра да се трошат за дислокација на галиите да се направи ново училиште

Од:

Живко Белчев, советник во Советот на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека во програмата на неговата партија било планирана изградба на ново основно училиште во населбата Ченто.

– Се работеше за проект за изградба на комплетно ново училиште, бидејќи во моментов учениците учат во простории кои се изградени во 60-тите години од средината на минатиот век. И верувајте дека и ќе беше реализирано, исто како што ја ветивме спортската сала и ја изградивме. А сега, се наоѓаме во ситуација кога Градоначалникот Петре Шилегов сака да потроши не 5 туку 8 милиони евра за дислокација на веќе постоечки објекти како галиите од речното корито во Центар, а општина Гази Баба во моментов нема пари да одвои ниту за канализација во Јурумлери, ниту за изградба на ново основно училиште во населбата Ченто, рече Белчев.

Тој додаде дека ова е класично недомаќинско и расипничко работење.

– Еве му порачуваме на Петре Шилегов 8-те милиона евра наменети за дислокација на галиите да бидат пренаменети за изградба на ново основно училиште во населба Ченто. Веднаш нека ги пренамени и ќе реши голем проблем и за учениците и за граѓаните од населба Ченто. Доколку не ги пренамени овие пари, зборот нема да биде повеќе збор како што велеа Ѓорѓиевски и Шилегов, туку зборот ќе биде лага, како што впрочем тоа го докажаа и многупати наназад. Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите или ако си заработил. Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов и Борче Ѓорѓиевски, рече Белчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски