Шекеринска панелист на Глобалниот форум на жените – политички лидери во Минехен

Од:

Денеска заканите не мора да се во униформа, туку тие се манифестираат со ерозијата на главните принципи и вредности, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на днешниот панел во Минхен, на тема „Новите закани побаруваат ново лидерство: Утврдување на глобалната безбедносна агенда од перспектива на жените“ организиран од Глобалниот форум на жените – политички лидери. Панелот се организираше во пресрет на Минхенската безбедносна конференција која започнува денеска.

Говорејќи за безбедносните мерки и новите закани, Шекеринска рече дека новата влада прави сè што е во нејзина моќ да ја врати Македонија на патот кон демократските вредности, слободите и просперитетот.

Панелот стави фокус на прашања поврзани со безбедносната политика, новите закани, социјалната кохезија во безбедносните дебати, и на тоа кои се главните приоритети на безбедносните политики и како жените-политичари можат да дадат една нова перспектива во менаџирањето со заканите.

Покрај Шекеринска, на настанот беа и бароницата Кетрин Ештон, поранешна потпретседателка на Европската комисија и поранешна висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Џенифер Морган, извршен директор на Гринпис Интернационал, Патрициа Флор, генерален директор за Меѓународниот ред, Обединетите Нации и контролата на вооружувањето во германската федерална канцеларија за надворешни работи и Џули Лин Теигланд, регионален менаџер на „Ернст и Јанг“ за Германија, Швајцарија и Австрија.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска