Македонската ракометна репрезентација е поразена од Исланд во третиот натпревар од Групата Б со 19:23.
По катастрофалниот старт, губевме со 4:0, првиот гол го постигнавме во 9-та минута, но се вративме во игра и во 25-та минута го изедначивме резултатот на 8:8.
На полувремето резултатот беше нерешен 10:10.
Во второто полувреме повторно стартувавме катастрофално, ни требаа 10 минути за да го постигнеме првиот гол, а Исланд постигна 4, кои до крајот некако среќно успеа да ги задржи, бидејќи нашите неколку пати ја погодуваа рамката на голот и промашуваа од зицер позиции.
Мансаков беше најефикасен наш играч со 5 гола, Стоилов и Лазаров по 4, Ристовски имаше 16 одбрани. Палмарсон беше прогласен за играч на натпреварот.