Средба Богдановиќ со амбасадорот на Кралството Шпанија

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Емилио Лорензо Сера. Како што оцени амбасадорот состанокот беше продуктивен и договорена е заедничка соработка на неколку полиња. Добрата соработка меѓу Кралството Шпанија и Република Македонија ќе се продлабочува и на локално ниво. Набрзо ќе започне договарање постапка за збратимување на општина Центар со центарска општина во Мадрид.

Еден од проектите за кои има интерес на двете страна е изучување на шпанскиот јазик во основните училишта под надлежност на општината.

Амбасадорот нагласи дека амбасадата ќе биде мост на сите активности „Почестен сум што постои интерес за изучување на шпанскиот јазик“, рече Н.Е. Емилио Лорензо Сера.

„Вие сте членка на ЕУ, ние сме земја аспирант и сакаме да ги користиме сите добри искуства од земјите членки на ЕУ“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

На наредните средби ќе се детализира реализирање на проектите : Културна соработка, јавно гледање на актуелни шпански филмови, прослава на денот на шпанското мезе, промовирање на заедничките вредности од страна на шпанските ракометари кои играат во Македонија и зближување и соработка на КК Работнички и Реал Мадрид.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски