Изложба „Невидени“ на Јован Балов

Од:

Во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Јован Балов насловена „Невидени“, на која ќе бидат изложени триесет колажи работени во периодот од 1989 до 1995 година.

Колажите се своевиден дневник, интимен запис за едно време во кое страсно ги впивал импресиите од актуелната уметничка и културна сцена на Берлин, град во кој дошол да живее во 1989 година.

Во нив се имплементирани размислувањата и истражувањата на ликовно-естетски план. Колажите се опираат на некаква ригорозна стилска категоризација.

Станува збор за специфичен конгломарат од стилови, техники и медиуми процедени низ филтерот на една јасно изградена авторска поетика. Искрени, непретенциозни пастиши во кои се вткаени фино оркестрирани елементи, суптилен но сигурен цртеж, безгранична љубов и ентузијазам…

Токму во тој период од 1989-1995 настанаа бројни цртежи, мали хартиени објекти, фотографии, текстови, петски коментари, акварели и слики.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски