Европските министри за надворешни работи денеска во Софија не успеаја да се усогласат за предлогот на Еврокомисјата за проширување на Унијата кон Западен Балкан.
На форум во Бугарија, министрите од Европската унија разговараа за првпат за планот на Европската комисија која објави датум – 2025 година како цел за приклучување на Србија и Црна Гора во ЕУ.
Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, првите две држави од Западен Балкан треба да бидат примени во ЕУ во 2022 година, а за забрзување на напорите за отворање на ЕУ кон Западен Балкан се изјасија и Полска, Австрија и Италија.
Карл Ерјавец, шефот на словенечката дипломатија пак смета дека 2025 не е реален датум и дека на земјите им е потребно повеќе време за исполнување на критериумите.