Просечната месечна нето плата во Словенија во ноември изнесувала 1.035,01 евро, што е за 4,9 отсто повеќе на месечно и 1,8 отсто помалку на годишно ниво, соопшти денеска Заводот за статистика во Љубљана.
Просечната бруто плата во ноември изнесувала 1.611,93 евра со номинален односно реален раст од 6,3 т.е. 6,4 отсто во споредба со октовмри.
Платите во ноември се зголемија благодарение на зголемените бонуси кон крајот на годината без кои просечната бруто плата тој месец би изнесувала 1.513,45 евра.
Бонусите се исплатени за 16,5 отсто вработени, што е за 0,5 отсто помалку во однос на ноември 2011 година и 1,3 проценти помалку во однос на истиот месец во 2010 година.