Пораст кај трошоците на живот и цените на мало на годишно ниво

Од:

Трошоците на живот во јануари годинава споредено со јануари минатата година се зголемени за 1,1 процент, а цените на мало за 2,3 процента. Во јануари годинава во однос на декември минатата година трошоците на живот се намалени за 0,4 отсто, а цените на мало за 0,1 отсто.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пораст на трошоците на животот во јануари година, во споредба со претходниот месец кај свежото и разладеното овошје за 2,6 проценти, рибата и морските плодови за 1,3 проценти и јајцата за 0,3 проценти.

Во јануари, исто така, пораст на трошоците на животот е евидентиран и кај течните горива за домаќинствата за 10,4 проценти, телефонската и телефакс опремата за 9,8 проценти, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,7 проценти, другите лични предмети за 2,5 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за 2,4 проценти, домашните миленици и сродните производи за 2,2 процента. Кај услугите за одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани има пораст од 1,2 процента, резервните делови и опрема за сопствен превоз за процент, станарините и автомобилите за 0,7 проценти, другите услуги за опрема за сопствен превоз, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,5 проценти, патниот сообраќај за 0,4 проценти, лековите за 0,3 проценти, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, другите медицински производи, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства, накитот и часовниците за 0,2 процента.

Трошоците на живот во јануари во споредба со декември се намалени за 3,7 проценти, по кои следат други пекарски производи за 3,6 проценти, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3,2 процента, другите млечни производи за 2,4 проценти, брашното и другите жита за 2,2 процента, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,5 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и останатите коренести плодови за 1,4 проценти. За 1,3 проценти биле пониски трошоците за сушено, солено и чадено месо, други прехранбени производи, замрзнатото овошје за 1,1 процент, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, безалкохолните пијалаци за 0,9 проценти, оризот и месото за 0,5 проценти, млекото, сирењето и урдата за 0,3 проценти, маслото и маснотиите за 0,2 процента.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 10 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5,7 проценти, информатичката опрема за 4,1 процент, обувките за 3,1 процент, авионскиот превоз на патници за 2,9 проценти, услугите за сместување за 2,7 проценти, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1,5 проценти, гасот за домаќинствата за процент, цврстите горива за 0,8 проценти, облеката и поправката на електричните апарати за 0,6 проценти, терапевтските помагала за 0,3 проценти, мебелот за домаќинствата и големите електрични апарати за домаќинствата за 0,2 процента.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари