Семејна драма во Кочани: 22-годишна девојка се бори за живот

Од:

Дваесет и двегодишната И.А од Кочани се бори за живот по семејната трагедија која што се случи во изутрината во Кочани. По семејна расправија, таткото на девојката Б.Л. неколкупати со нож ја ранил неговата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22 – годишната ќерка и 13- годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.

Ќерката се обидела да го спречи нападот врз нејзината мајка, но и самата била повредена притоа. По безуспешен обид да го спречи својот татко кој со чекан и задал смртоносен удар на нејзината мајка, го пријавила случајот во полиција.

од МВР велат дека утринава во 3.10 часот во Полициската станица Кочани се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на улица „9-ти Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале Б.А.(54) од Кочани. Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, тој скокнал од покривот и починал.

„Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А. и неговата ќерка И.А.(22). Тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала, а И.А. се уште се наоѓа во неконтактибилна состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски