Информации за најавената инвестиција на компанијата Саген во ТИРЗ Скопје, денеска на прес-конференција ќе изнесат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министер за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски.
Притоа, како што соопшти кабинетот на Анѓушев, ќе биде промовиран и Нацрт-текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестциите.