Американскиот адмирал Хари Харис Џеј Ар смета дека цел на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е обединување на Корејскиот полуостров под својот тоталитарен режим.
Според Харис нуклеарниот арсенал на Ким не му е потребен само за заштитата на својот режим, туку за обединување на двете Кореји под единствен комунистички систем.
Тој заклучува дека било какви преговори со Северна Кореја мора да бидат фокусирани на отстранување на нуклеарното оружје од Полуостровот.