Ги охрабрувам земјоделците да сметаат на партнерството во Владата, рече премиерот Зоран Заев во Неготино, по средбата со градоначалникот Тони Делков и лозари и граѓани, честитајќи го денешниот верски празник свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозаровинарството.
Посакувајќи им бериќет, тој им се придружи во одбележувањето на традиционалната манифестација со која се одбележува почетокот на новата гроздоберска сезона.
– Знаеме дека во минатото немаше многу среќа за лозарите, имаше невреме, не беше платено навреме произведеното грозје, имаше доцнење на субвенциите. Јас сум среќен што можам овој старт на сезоната да објавам дека субвенциите се исплатени многу навремено, две недели пред самиот старт на сезоната, веќе почнавме разговори со винариите и откупувачите за да можеме да обезбедиме колку што е можно поповолна цена за лозарите оваа година. Очекуваме зголемена побарувачка зашто винариите се празни. Се надевам дека навистина ќе ги поклопиме сите моменти за да имаме среќни лзоари и зголемено производство, нагласи премиерот.