Словенечки печат: Вонредни избори се поизвесни

Од:

Предвремени парламентарни избори во Словенија се се поизвесни, заклучуваат денеска словенечки дневни весници.

Мариборскиот весник Вечер, оценува дека „во лудачко сценарио“ во политичките случувања во Словенија, предвремените избори се поизвесни од кога и да е. Тој весник оценува дека словенечкиот премиер Јанез Јанша вчерашните состаноци со коалициските партнери, свикани заради моментната политичка ситуација и повикот за негова оставка, ги следел само отстрана заради што и предвремените избори се се поизвесни.

– Шансите Словенечката демократска партија на Јанша да предложи нов премиер веројатно се слични на шансите снег да падне во јули. Словенечките партии ги предводат полудеспотски настроени претседатели со супер его, кои предолго во сенка држат секој кредибилен наследник, оценува Вечер.

Весникот Приморске новице вчерашните состаноци на коалициските партии ги опишува во текстот под наслов Продолжена агонија.

– Вчера требаше се да биде јасно. Коалициските партии требаше да изнесат свои ставови врз основа на кои премиерот Јанша требаше да поднесе оставка, објави тој весник. Медиумот оценува дека со оглед на праксата дека во словенечката политика претставниците на власта кои се обвинувани за разни грешки и малверзации не сметаат дека треба да поднесат оставка, поради тоа предвремените избори се единствено решение.

Љубљанскиот економски весник Финанце, објави дека словенечките политичари би направиле се за да ги задржат своите пријатни позиции уште најмалку три години.

Во текстот под наслов Блефери, лажговци, политичари, љубљанскиот весник предупредува на можност по евентуални вонредни избори многу брзо да следуваат и нови предвремени избори.

Претседателот на словенечкиот парламент Грегор Вирант го повика во неделата Јанша да поднесе оставка, со што дополнително се продлабочи политичката криза која почна со објавување извештај според кој двајца најистакнати политичари во државата – Јанша и лидерот на опозицијата, градоначалник на Љубљана Зоран јанковиќ, го кршат антикорупцискиот закон.

Би можело да ве интересира

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја