ВМРО-ДПМНЕ: Судот наместо да гарантира правда за сите, тој е најголем подривач на правниот систем

Од:

„Република Македонија го достигна дното. Република Македонија во моментов е единствена земја која има политички затвореници и е рамо до рамо со земјите во кои владеат режими.

Владата и судскиот систем во дослух едни со други монтираат политички случај и држат во притвор 3 месеци невини патриоти кои гласно говореле против aктуелните политики.

Мерката притвор е злоупотребена. Невини глумци, режисери, пратеници, граѓани се држат во притвор во катастрофални услови каде што се изживуваат врз нив.

Судот наместо да гарантира правда за сите, тој е најголем подривач на правниот систем. Наместо да гарантира заштита на Уставот и законите, Судот работи спротивно на нив и во дослух со Владата на СДСМ е најголем и најдиректен виновник за продлабочување на политичката криза.

СДСМ никогаш нема да успее да ги замолчи сите кои се критички настроени кон нив.

Со секој изминат ден на невините патриоти во притвор, Судот го продлабочува јазот помеѓу наелектризираните страни во државата.

Реваншизмот и одмаздата кои ни се случуваат во моментов еден ден ќе бидат ревидирани и сите одлуки ќе бидат преиспитани.

Затоа, уште веднаш невините патриоти да се пуштат на слобода“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито