Заев од вечерва во официјална посета на Република Турција

Од:

Премиерот Заев, за време на посетата ќе има средби на највисоко владино и државно ниво, а ќе се сретне и со претставници на бизнис заедницата во Турција.

Претседателот на Владата, Заев ќе биде придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Посетата на премиерот Заев и делегацијата на Анкара, почнува вечерва, со вечера организирана од ТОББ (TOBB), Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. На вечерата, премиерот Заев ќе има воведно обраќање, што медиумите ќе имаат можност да го проследат. Пред претставниците на ТОББ ќе се обрати и министерот Ќахил.

Утре се официјалните средби на премиерот Заев со владино-државниот врв.

Официјалниот дочек на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, од страна на претседателот на Владата на Република Турција, Бинали Јилдирим е предвиден за 10.30 часот по локално време во Анкара.

Потоа следуваат тет а тет средба помеѓу двајцата премиери, Заев и Јилдирим и средба на ниво на делегации од двете земји.

Ќе има и заедничка прес конференција на двајцата премиери, предвидена за 12.15 часот по локално време на Анкара.

Во текот на денот, премиерот Заев предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието на Република Турција, Исмаил Кахраман и со претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски