Исчезнатите планинари на Кајмакчалан пронајдени мртви

Од:

Двете лица кои ноќеска беа пријавени за исчезнати се пронајдени и извлечени од врвот Кајмакчалан и со итна медицинска служба пренесени во најблиската болница каде е констатирана смрт, потврдуваат од МВР за А1он.

Планинарите од Македонија загинале на врвот Кајмакчалан најверојатно по пад во бездна. Засега познат е идентитетот само на 26-годишната Калина Велевска која заедно со починатото момче биле членови на планинарскиот дом „Трансверзалец“

Планинарите по телефонскиот сигнал биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. Спасувачката акција започнала по пријавата на останатите планинари кои ја искачувале планината откако приметиле дека Велевска и 35 годишниот маж ги нема во групата.

13 спасувачи, 3 возила и еден хелихоптер беа вклучени во потрагата во која подоцна се приклучи и граничната полиција и Центарот за управување со кризи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип