По двете паралелни најави за Конгрес на Движењето Беса, фракцијата на Касами попладнево соопшти дека незадоволни поедици внатре во партијата недемократски се обидуваат да го збунат членството, а вистинскиот и легитимен Конгрес е оној кој е закажан за 24-ти февруари.
„Денес оваа незадоволна група се обидува да го збуни членството на Движењето Беса, за наводно организирање на паралелeн Конгрес, злоупотребувајќи го официјалното лого на Движењето Беса. Секоја таква организација за нас ќе се смета за приватна манифестација. Заради информирањe на пошироката јавност повторуваме дека во согласност со Статутот и Деловникот за организирање на Kонгресот, Движењето Беса го објави својот Kонгрес на 24 февруари 2018 година и ова е единствениот партиски конгрес“, велат од Беса.
Неодамна во Скопје и Тетово беа оддржани две седници на Централниот совет на Беса, на кои беа донесени дијаметрално спротивни одлуки. На седницата во Скопје, каде присуствуваа 64 од вкупно 106 членови на Советот, за привремен претседател на партијата беше назначен најстариот партиски функционер, пратеникот Неџбедин Каремани. Од собирот во Скопје беше закажан и конгрес на партијата, на 21-ви февруари, на кој ќе се избира новото раководство.
Од друга страна, Централниот совет во Тетово донесе одлука конгресот да се оддржи на 24 февруари, а дотогаш со партијата и натаму да раководи актуелниот претседател Билал Касами.