МВР поднесе кривични пријави за недозволена трговија со дрога и оружје

Од:

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против три лица поради недозволена трговија со дрога.

Против лицата лицата Н.С. (45), Џ.Д. (35) и Д.Г. (21), сите од Скопје, се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

Единица за недозволена трговија при СВР Скопје исто така, реализираше и еден случај на недозволена трговија со оружје.

Во првиот случај на 05.02.2018 година, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот кај лицето Н.С. (45) со живеалиште на ул. „Венијамин Манчуковски“ во Скопје. При претресот биле пронајдени 23 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна маса од 20,10 грама, наменети за улична препродажба. Исто така, наредниот ден на посочената улица, а во рамки на оперативните активности околу овој случај, полициските службеници запреле моторно возило сопственост и управувано од Џ.Д.(35). Врз лицето бил извршен преглед и притоа биле пронајдени две полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна маса од 24,42 грама.

Во вториот случај, на 5 февруари полициски службеници од Одделенито за недозволена трговија со дрога, на паркинг простор на ул. „Лазар Трпковски“, го забележале лицето Д.Г. Поради постоење основи на сомнение дека поседува предмети кои потекнуваат од кривично дело, врз лицето бил извршен преглед. При прегледот, Д.Г. од десниот џеб извадил и предал една најлонска кеса со марихуана со маса од 47,81 грама и една најлонска кеса со амфетамин со маса од 14,69 грама.

Покрај ова, на 6-ти овој месец, врз основа на судска наредба, а поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниви по член 396 и член 215 од Кривичниот законик на РМ, биле извршени претреси на дом и други простории кај лицата С.Р. (29), Б.Р. (52) и Ј.К. (30), сите од Скопје.

При претресот во домот на С.Р. (29) во с.Батинци бил пронајден еден пиштол со една празна рамка. Со потврда за одземени предмети, пиштолот и рамката биле одземени, а С.Р. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници