Балканот мора да биде интегриран во Европската унија, а тоа го прифати и самата ЕУ во својата Стартегија за Западен Балкан, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Кога се формираше НАТО се појави израз, кој може да се сретне и во некои дипломатски записи, дека негова цел е „да се држат Американците внатре, Русите надвор, а Германците долу“. Ако го парафразиарам тоа, иднината на ЕУ би изгледала вака: Британците надвор, Балканот внатре, Средна Европа горе, изјави Орбан во обраќањето на почетокот на унгарско-српскиот Бизнис форум во Будимпешта, што се одржа во рамки на денешната заедничка седница на владите на Унгарија и Србија.
Орбан нагласи дека и во ЕУ е прифатен ставот дека Балканот треба да се интегрира во блокот, за што Брисел одреди и термин – 2025 година.