Коосновачот на големата меѓународна мрежа за кибер криминал, Русинот Сергеј Медведев, е уапсен на Тајланд по потерница издадена од САД, соопшти локалната полиција.
Медведев (31) е обвинет дека создал хакерска мрежа, специјализирана за кражба и препродажба на банкарски информации, како и на други лични податоци од интернет.
Русинот шест години редовно одел како турист во Тајланд, слично како многу криминалци, активни или „во пензија“. Според американските власти, мрежата Инфрод, чиј коосновач е Медведев, предизвикала штета во висина од 530 милиони долари.