Заев во официјална посета на Германија на 21. февруари

Од:

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која на 21. февруари ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.

За време на оваа посета во Берлин, претседателот на Владата на Република Македонија ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

По средбата, канцеларката Меркел и премиерот Зоран Заев ќе имаат заедничка прес – конференција.

Официјалната посета предвидува и средба со претседателот на СР Германија Франк Валтер Штајнмаер.

Во рамките на агендата на официјалната посета на СР Германија, премиерот Заев ќе има и свое обраќање во централната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски