Општина Штип дел од проект преку ИПА програмата на ЕУ во партнерство со Општина Аксаково од Бугарија

Од:

Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во соработка со Општина Штип стана дел од нов проект преку ИПА програмата на ЕУ. Носител на проектот е Општина Аксаково од соседна Бугарија, додека општина Штип се јавува како партнер. Со проектот кој носи наслов „Иднината на Европа“, Штип стана дел од мрежа на градови од ЕУ кои ќе реализираат неколку расправи на тема за перспективите на ЕУ.

„Првата средба ќе се одржи на крајот на април во Аксаково и Општина Штип ќе ја претставува петчлена делегација предводена од градоначалникот Благој Бочварски. Вредноста на проектот е 150.000 евра, а Општина Штип ќе добие соодветен дел за организирање на средбата на неколку теми на крајот на јуни годинава во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“. Проектот беше аплициран од страна на Општина Аксаково лани, а Штип е единствен град од Македонија кој е вклучен во овој проект.

Освен Штип и Аксаково, во проектот се вклучени уште пет други земји од ЕУ, поточно пет локални самоуправи од пет западноевропски земји. Тоа се Сетубал од Португалија, Монтсерат од Шпанија, кој е во реонот на Валенсија, Озаров Мазовјецки од Полска, Виториа од Сицилија во Италија и градот Викторија од Романија. Во текот на следните три години секој град ќе биде домаќин на по една средба, а претставници од овие седум градови ќе дебатираат за иднината на Европа.

Ова е прв пат Општина Штип да биде вклучена во ваков проект во кој тематски се зближуваме со градови од Португалија, Шпанија, Италија, Полска и Романија и особено е важно во јуни да се покажеме како добри домаќини, бидејќи се очекуваат околу триесетина претставници од овие земји кои ќе престојуваат во Штип и ќе ги споделат своите гледишта за иднината на Европа.

Состанокот ќе се одржи од 20 до 22 јуни. Со самото тоа што средбата е планирана да се одржи во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“, имајќи во предвид дека претседателот Глигоров беше политичар кој во деновите на осамостојувањето, заедно со тогашната политичка структура ги постави темелите за евро-перспективите на Македонија, ова е воедно и достојно одбележување во негова чест. Благодарност до Општина Аксаково кои ја вклучија Општина Штип да биде дел од проектот и со тоа овозможија да дадеме свој придонес во спроведување на истиот, на една важна идеја кон која и како град и држава се стремиме, а тоа е членство во ЕУ“ се вели во соопштението на општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“