Репрезентацијата на Македонија вечерва ја очекува прв дуел со едвропска репрезентација на Светското првенство, а селекторот Звонко Шундовски очекува противникот да настапи во својата препознатлива формација.
– Задоволен сум од формата на играчите и нивното залагање на натпреварите досега. Работиме на отстранување на грешките кои ги имавме на првите два натпревара и се надевам дека Исланд нема да игра во одбраната како што тоа го играа Чиле и Катар, зона 3+3, впрочем тоа не одбрана карактеристична за Исланѓаните и не верувам дека нешто посебно можеле да подготват во овој еден слободен ден. Можеби по реално е да играат 5-1 зона или со „фластер“ на Кирил Лазаров – изјава Шундовски на претпладневниот тренинг.
Почетокот на дуелот Македонија – Исланд е во 18 часот. Во првите две кола „црвено-жолтите“ имаат две победи, а Исланд една победа и еден пораз.