Бостон по продолженија славеше против Вашингтон

Од:

Тимот на Бостон со 110:104 славеше против Вашингот по продолженија во синоќешниот најинтересен дуел во НБА лигата.

Селтикс водеа со десет поени во последната четвртина, но Визардс направија серија и стигнаа до водство пред самиот крај.

По неколку промашувања и на двете страни, Бостон во продолженијата со тројката на Браун на минута и 45 секунди до крајот имаше водство од 108:103 што беше пресудно гостите да триумфираат.

Најефикасен кај победниците беше Ирвинг со 28 поени, додека кај Вашингтон најдобар беше Ото Портер со 27.

Останати резултати:

Орландо Меџик – Атланта Хокс 100 : 98
Торонто Репторс – Њујорк Никс 113:88
Портланд Треилблејзерс – Шарлот Хорнетс 109:103
Голден Стејт Вориорс – Далас Меврикс 121:103
Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити Тандер 106:81

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот