Во акција на британската полиција денеска биле ослободени околу 200 мигранти од Литванија, Романија, Полска и Бугарија кои биле принудувани да работат без плата на фарма во јужната англиска област Корнвол.
„Робовите“ биле ослободени при акција на полицијата во соработка со трудовата инспекција. Полицијата во акцијата уапси тројца мажи, од кои едниот е обвинет за раководење со групата, а другите двајца за организирање модерно ропство.
Мигрантите се пренесени во специјален прифатен центар, каде што им е пружена помош.