Европскиот парламент изгласа резолуција со која се осудуваат апсењата извршени од турските власти со цел ограничување на критиките за турската офанзива во Африн.
Европратениците ги осудуваат апсењата на новнари, активисти, лекари и граѓани кои се противат против турската воена интервенција во Африн, кој е под контрола на сириските Курди. Тие се загрижени и за хуманитарните последици од турската интервенции и предупредуваат дека овие активности не треба да продолжат.
Според членовите на Европскиот парламент Турција ја користи вонредната ситуација воведена по обидот за воен удар во јули 2016 година за сузбивање на легитимната и мирна опозиција.