Во Битола, вчера околу 15:30 часот, по претходна расправија помеѓу Н.Н.(31) и неговата сопруга Б.Н.(30), чии односи биле нарушени, сопругот со нож и нанел повреди на Б.Н. во пределот на левата подлактица.
На Б.Н. и е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола и е пуштена на домашно лекување, а Н.Н. е приведен во полициската станица Битола и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.