Постизборен форум: Граѓанските приоритети во 100-те дена на новата локална власт

Од:

Граѓани, новинари и експерти в петок ќе дебатираат со надлежните од Општина Штип за прашањата кои приоритетно треба да бидат решени.

Идеите и ставовите за ова, ќе бидат искажани на претстојниот постизборен форум насловен „Граѓанските приоритети во 100-те дена на новата локална власт“. Настанот кој го организира Здружението на граѓани „Медиа плус“ ќе се одржи на 9-ти февруари со почеток од 14:00 часот во Мултимедијалниот центар Канал 77 (Конгресна сала).

На настанот ќе се обрати и штипскиот градоначалник, Благој Бочварски, а ќе говорат директори на јавни претпријатија, како и раководители на сектори во општината.

На постизборниот форум ќе биде направена анализа на тоа кој од определените приоритети од предизборниот форум на Медиа Плус и спроведената анкета влегоа во програмата за работа на новата локална власт во првите 100 дена од нивната работа.

Непосредно пред овој форум, „Медиа плус“организираше и две јавни расправи на теми: „Обезбедување квалитетна вода за пиење, канализација и одвод на отпадни води“ и „Изградбата нанови тротоари и обнова на улици“. Овие прашања се наметнаа како теми на расправите, врз основа на одговорите на граѓаните во онлајн анкетата што ја спроведе Здружението. Лани во септември исто така, „Медиа плус“ организираше и предизборен форум каде кандидатите за градоначалници и носителите на советничките листи за локалните избори, дискутираа со граѓаните за тоа дали и што планираат да направат во врска со прашањата кои тие ги оценија како приоритетни.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски