Во Будимпешта утре ќе се одржи заедничка седница на Владите на Србија и на Унгарија. На заедничката седницата премиерите Ана Брнабиќ и Виктор Орбан со министрите, ќе разговараат за заедничките проекти, региналната соработка и за унапредувавање на билатрелните односи, соопшти од српската Влада.
Премиерката Брнабиќ ќе оствари средба и со унгарскиот претседател Јанош Адер и ќе учествува на Бизнис форумот Унгарија-Србија.
На заедничката седница предвидено е и потпишување на повеќе договори.