Владата на Велика Британија нема да распише друг референдум за Брегзит, изјави денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј, откако американскиот милијардер Џорџ Сорос финансира кампања против Брегзит.
– Ставот на премиерката за тоа прашање е јасен: земјата гласаше за излегување од Европската унија. Тоа е она што земјата ќе го направи и нема да има друг референдум, нагласи портпаролот.
– Има многу политички и други групи во оваа земја, тоа е во ред, како што се и очекува во демократијата, додаде портпаролот.