Aнкета на ИПИС: Македонците најмногу ги сакаат Србите, а се плашат од Грците

Од:

Кога се во прашање соседните држави, во Македонија најпозитивно е мислењето за Србија, а како најголема закана Македонците ја гледаат Грција. Вакви се резултатите од телефонската анкета што ја спроведе Институтот за Политички истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 16 и 21 декември, минатата година.

Во анкетата се опфатени 1113 полнолетни испитаници на ниво на Македонија, кои ги изразиле своите ставови за соседните држави, односите со Грција, спорот за името и македонските-евроинеграции.

Првиот дел истражувањето што беше објавен денеска покажува дека помеѓу соседните држави, во Македонија најдобро е мислењето за Србија за која се изјасниле 42,3 проценти, а по неа се наоѓаат Албанија (27, 6 проценти),  Косово (26,1), Бугарија (25,8) и на крајот Грција со 15,2 проценти.

Во анкетата се опфатени уште неколку земји од Европската Унија, САД, Русија и Турција, пришто резултатите укажуваат дека Македонците имаат најпозитивно мислење за Германија, а понатаму на листата се Холандија, Турција, Англија, САД и Русија.

Генерално, мнозинството испитаници верува дека не постои земја што претставува закана за Македонија, но оние кои веруваат во спротивното во најголем дел ја посочиле Грција како евентуална закана.

За член од фамилија најголем број од испитаниците би прифатиле Србин, за пријател Турчин, а како познаник Албанец.

На прашањето „Ако треба да поминете една година надвор од Македонија, во која соседна држава би сакале да живеете?“ најголем дел од испитаниците се изјасниле дека не знаат (27,9 проценти), нешто помалу 27,2 проценти ја посочиле Србија, па понатаму Бугарија, Албанија, Грција и Косово.

Резултатите од анкетата ќе бидат објавувани во три дела, во следните неколку денови.

 

E.T.

Би можело да ве интересира

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

A1on

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

A1on