Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и четири со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди (пешак) и осум лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со поголема брзина од дозволената, а 15 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа 10 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца – бидејќи биле возачи почетници и две лица управувале возило под дејство на алкохол.
Исто така, 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Четири возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, еден недал првенство на минување на возила, двајца – бидејќи неправилно се престроиле и шест возаќи бидејќи непоседувале зимска опрема во возилата.
Во однос на пешаците преземени се мерки против тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден исто така издадени се 99 мандатни платни налози, додека 96 возила се подигнати со „пајак”.