Општина Центар дел од Bike to work денот

Од:

Утре, 9.2.2018 е Меѓународниот зимски ден на одење со велосипед на работа. Општина Центар се придружува и го поддржува овој интернационален ден и воедно, ги повикува сите жители и вработени во општината да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат на работа.

„Bike to Work“ ден (На работа со велосипед) е годишен настан кој се одржува на различни денови насекаде во светот, со цел промоција на велосипедот како превозно средство за тренспортира до работа.

Со ова се подига свеста за користење на ова превозно средство, за да се придонесе кон намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и за почиста животна средина, се вели во соопштението на Општина Центар.

Општината ги повикува сите центарци да се регистрираат на сајтот: https://winterbiketoworkday.org/ и да постираат слики со интернационалниот хаштаг #WINTERBIKETOWORKDAY и да покажеме дека велосипедот е нашиот избор.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски