Вработените во Управата за матично не земаат плата откако останаа без директор, од Владата ветуваат наскоро решение

Од:

Повеќе од петстотини вработените во Управата за водење матични книги не земаат плата, а постои опасност од застој во работата за издавање документи за граѓаните откако институцијата остана без директор. Нов сè уште не е назначен, а доскорешниот Ѓоко Котевски беше именуван за директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Од владата велат дека се свесни за проблемот и уверуваат дека наскоро ќе се најде решение, но не прецизираат кога.

– Знаете дека по изборите некои места се испразнија, некаде беа назначени нови, директорот доби нова функција, што значи оваа институција во моментов нема директор, но во идниот период ќе се реши, сè ќе продолжи според предвиденото и вработените ќе си ги добијат платите, истакна портпаролот на владата, Миле Бошшњаковски.

Со сличен проблем се соочија и Државниот пазарен инспекторат, Комуналниот инспекторат и Градежниот инспекторат, каде што вработените повеќе од три месеци немаа земено плата откако првите луѓе на овие институции беа избрани за градоначалници, а нови не беа назначени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари