Македонските ререзентативци кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате спортот, денеска преку Софискиот аеродром отпатуваа за Мадрид, Шпанија за да учествуваат на турнирот од 1 Премиер Карате Лига, од така наречената А серија.
Во Гвадалахара ќе учествуваат 1.354 спортисти од 82 држави, што укажува на податокот дека овој турнир ќе биде многу силен. Турнирот е само за сениори-ки, и тие настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција.
Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.
За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти:
1. Сара Радичевска -50 кг
2. Симона Заборска -55 кг,
3. Наташа Стефановска -61 кг
4. Моника Стефановска -68 кг
5. Петар Заборски -75 кг