Британскиот суд денеска го одби барањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да се укине налогот за негово апсење. Со тоа Асанж и понатаму ќе остане во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се наоѓа повеќе од пет години, за да избегне екстрадиција во САД.
Судијата Ема Арбутнот изјави дека не ја убедиле „дека треба да биде повлечен налогот за апсење“. Во случај Асанж да излезе од Амбасадата на Еквадор, тој ќе биде уапсен, бидејќи ќе ја прекрши условната слобода.