СП ракомет: Исланд – прв европски противник на Македонија

Од:

Македонската ракометна репрезентација, вечерва во рамките на 3.коло од Б групата на СП во Шпанија, во Севиља од 18 часот ќе игра против селекцијата на Исланд. Тоа е првиот ривал за нашите ракометраи од европските селекции, а воедно репрезентација која на Олимписките игри во Лондон го освои 5.место.

За Исланд ова е 17 учество на Светските првенства, а најдобар пласман имаа на шампионатот 1997 година кога го освоија 5.место. Две години претходно Исланѓаните беа домаќини на Светско првенство.

Во составот на Исланд најголемиот дел од играчите играат во Бундес лигата, а Арон Палмарсон ланската година го доби признанието – спортист на Исланд.

На овој шампионат денешниот противник на „црвено-жолтите“ избори пласман со двете победи во баражот против Холандија (32:24 и 41:27).

Во меѓусебните дуели Исланд има 8 победи, а Македонија 2. Во баражот за СП 2009 година во Хрватска, Македонија го елиминираше Исланд и тоа им е единственото пропуштено Светско првенство од 1986 година.

Од големите натпреварувања Исланд има освоено еден сребрен и еден бронзен медал – 2008 година на Олимписките игри во Пекинг (сребро) и 2010 на Европското првенство во Австрија (бронза).

Поради повреда на шампионатот не настапува Александар Петерсон, додека репрезентативната кариера ја заврши Олафур Стефансон. На Светското првенство во првото коло Исланд изгуби од Русија 25:30, а во втрото го победи Чиле со 38:22.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ