Јанкуловски: Главната кочница за успешен и побрз развој на науката е финансирањето

Од:

Главната кочница за успешен и побрз развој на науката во Република Македонија беше во делот на финансирањето на оној многу важен сегмент во кој се вклучени наставно-образовната и научно-истражувачката дејност. Ова денеска го истакна ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Никола Јанкуловски на трибината „Предуслови за развој на науката во Република Македонија“.

– Познато е дека со години наназад не се одвојувале доволно средства. Процентот на одвојување во однос на БДП е многу мал, некаде околу 0,1 отсто. Тоа е далеку од потребното и далеку од доволното. Апелираме на сите можни начини за да ја поткренеме свеста кај сите граѓани, особено до оние од кои и зависи зголемувањето на процентот, рече Јанкуловски. Додаде дека се решени максимално да вложат напори и да ја подобрат научната дејност и нејзиниот просперитет и развој во Македонија.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година